Владата одлучи: Бугарски универзитет отвора филијала во С. Македонија

од Nikola Popovski
352 прегледи

На денешната владина седница, усвоена е Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република С. Македонија.

Преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски разговор  пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

– Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови – објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетото во Северна Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

Слични содржини