Владата одлучи: Учебната година завршува на 10-ти јуни

од Nikola Popovski
755 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.

Прашањето за продолжување на учебната година се отвори по тринеделниот штрајк на вработените во основните и средните училишта, откако СОНК побара покачување на платите за просветните работници.

Слични содржини