На синоќешната 112-та седница, Владата донесе одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, со којашто се одобруваат средства во износ од 65.000.000 денари на Општина Дојран, за финансирање на Проектот „Реконструкција и надградба на колекторскиот систем и пречистителна станица во Општина Дојран“.
Со одлуката е предвидено, општината Дојран да ги користи средствата исклучиво за намената за којашто се доделени.
Владата донесе одлука и за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година во износ од 200.000.000 денари, на Општина Липково, за финансирање на водоснабдителните системи на Општина Липково.
Со одлуката е предвидено, општината Липково да ги користи средствата исклучиво за намената за којашто се доделени.