Владата плаќа 23,6 милиони денари за снимање, сликање и билдање на рејтингот на премиерот преку фирма делумно сопственост на бугарска компанија

од Марта Пешевска
138 прегледи

Владата ќе плаќа 23,6 милиони денари од народни пари за промоција на своите проекти, но договорот е со компанија која делумно е во сопственост на бугарска фирма, ојави „Инфомакс“. Генералниот секретаријат на Владата склучил едногодишен договор со „Фрајдеј комуникации“ од Скопје за видео и фото продукција, како и за следење и информирање за проектите што ги финансира Владата.

Игор Јанушев го потпишал договорот, а компанијата ја делат Марко Костадиновски и „МК Медија Груп“ ЕООД, која е регистрирана во Благоевград, Бугарија. „МК Медија Груп“ е основана во 2020 година, со управител Зоран Милевски (бугарски државјанин), а сопственик е Ванчо Бошков, македонски државјанин. Со други зборови, парите на граѓаните ќе одат во промоција преку фирма поврзана со соседна држава, што отвора прашања за транспарентноста и мотивите зад изборот на оваа компанија.

Повеќе на следниот линк: