Владата планира лимитирање на цените на производите кои се најпотребни за учебната година

од Nikola Popovski
37 прегледи

Владата подготвува мерки за намалување на трошоците за семејствата околу почетокот на училишната година. Се прави анализа која ќе биде готова денес, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, и на утрешната владина седница се планира да се излезе со план за лимитирање на цените на производите кои што се непходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година.

-Се предвидува лимитирање на цените на производите кои се најпотребни за почетокот на учебната година. Се надевам дека денеска анализата ќе биде готова и ќе излеземе со предлог мерки на владината седница. Се подготвуваме да го олесниме трошокот на родителите за успешен почеток на учебната година, со лимитирање на цените, рече премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.

245 илјади основци и средношколци почнуваат со настава. Речиси 18 илјади првачиња ќе седнат во училишните клупи. Новата учебна година стартува со физичко присуство за сите, освен за ученици од неколку училишта каде што од претходно не биле обезбедени просторни услови.

Едносменска настава се воведува во 140 училишта.

Слични содржини