200
ЈП „Службен весник“ има нов директор, вака вчера одлучи Владата на својата редовна 129-та седница.
Владата, по точката за кадровски прашања, донесе одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. Владата ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.
Кроневски беше кадар на Демократскиот сојуз (ДС) и ова директорско место беше единственото, кое го имаше партијата како дел од владејачката коалиција.
Ова следува откако ДС реши да го напушти владеачкото мнозинство и во иднина да дејствува како опозиција.