Од „Илинденска бр.2“ објавија дека транспарентна влада е силна влада откако на денешната владина седница, Владата му препорачала на ЈП Службен весник да ја разгледа можноста и да обезбеди бесплатен пристап на медиумите и новинарите до службеното гласило во електронска форма.
Според портпаролката на Владата, Марија Митева, ова е еден значаен чекор напред.
-На денешната седница, Владата му препорача на ЈП Службен весник да ја разгледа можноста и да обезбеди бесплатен пристап на медиумите и новинарите до службеното гласило во електронска форма.
Нашата цел е виталните информации да бидат достапни за секого. Активно соработуваме со медиумите, новинарските здруженија и синдикати, ги слушаме нивните барања и сакаме да поттикнеме отворен дијалог и да развиеме значајни решенија кои ќе ја подобрат комуникацијата, објави Митева.