Владата на Република Северна Македонија на денешната 29-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Целта на оваа прераспределба, со која се алоцираат нешто повеќе од 1,3 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, е да се обезбедат дополнителни средства за зајакнување на фондот за набавка на вакцини против КОВИД-19, за исплата на еднократен паричен надомест за медицински лица и помошен персонал ангажирани во лекувањето на пациенти заболени од КОВИД-19, за поддршка на развојот преку гарантирање на кредити за обртни средства и на кредити за основни средства одобрени од страна на банки и штедилници – Гарантен фонд, за Развојната банка на Северна Македонија, за подмирување на обврски на јавните здравствени установи, исплата на државна помош по основ на склучени договори, склучување на вонсудски спогодби со поранешните вработени од СЈО за подмирување на обврските за плати и надоместоци, за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис, како и обезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.