461
Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес конференција посочи дека Владата прогласила кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија со траење од 30 дена.
Одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.