Владата се задолжува со нови 33 милиони евра

од desk3
109 прегледи

Нови 33 милиони евра ќе се задолжи владата денеска кај домашните кредитори преку продажба на хартии од вредност.

2B404C9A9D93EC0F1A33CD644BB1902E1

Според информацијата достапна до јавноста, владата ќе се задолжи со кредит со доспевање од една, десет и петнаесет години.

Од продажбата на обврзница со рок на отплата од 15 години треба да се обезбедат околу 10 милиони евра. Од десетгодишната обврзница планирано е да се обезбедат 5,5 милиони евра, а најголем дел од парите околу 18 милиони евра треба да се соберат од продажбата на едногодишната обврзница.

Минатата недела владата интервентно се задолжи со 21 милион евра.

Според податоците објавени на веб страната на министерството за финасии,заклучно со декември, вкупниот Јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8 отсто од БДП.

Ова е трет пат како владата продава обврзници кои ќе доспеат за отплата во 2030-та година.