Владата уште денеска може до Собранието да го достави францускиот предлог, вели Груби

од Берта Китинска

Можно уште денеска Владата до Собранието да ги проследи францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи, најави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби.

– Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи Владата за следните активности во однос на целиот пакет.

Тој рече дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност.

Слични содржини