Владата на седница, која треба да се оддржи утре, како што изјави премиерот Христијан Мицкоски, треба да донесе одлука за намалување на цената на дизелот и бензините, како една од мерките за ублаување на последиците од војната на Блискиот исток.
Тој рече дека според анализите од случувањата на берзата дизелот требало да поскапи за 7 денари, абензините за 1,5 до два денари, поради што одлучиле да одат со дополнителна мерка за намалување на акцизите.
-Исполнети се условите акцизите да ги намалиме за дизелот 4 денари по литар, а за бензините 2 денари по литар. Така што претпоставувам дека дизелот во понеделник ќе се корегира за околу 3 денари. Имајќи предвид дека истекува попустот на Окта, а попустот беше 3 денари за дизел. Ако тоа продолжи нема да има зголемување на дизелот, а за бензините половина денар ќе поефтинат. Ако Окта продолжи со попустот ќе се корегира за 2,5 денар, изјави Мицкоски, и додаде дека цената на бензините ќе се движи од 1,32 до 1,70 евроценти, ана дизелот од 1.50 до 1,53 евроценти.
Тој рече дека продолуваат и со мерката за намалено ДДВ за горивата, кое е 10 место 18 отсто и дека таа мерка ќе важи уште две недели.
Според него намалувањето на акцизите ќе се одрази на буџетот, но тоа се мерки со кои сакаат да влијаат на инфлацијата и да не се случи таа да биде двоцифрена, туку да се двии меѓу 4 и 5 проценти.
-Анализираме со министерството за финансии дали може за оние прехранбени продукти кои имаат 5% со ДДВ тоа да биде нула, за да се помогне инфлацијата да не се зголеми. Оваа криза ќе има продолено дејство, но ќе ја следиме состојбата, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање дали се подготвува ребаланс на буџетот, тој рече дека планираат ребаланост да биде во јуни, како што и претходно најавиле. Засега нема да има ограничување колку гориво моат да купат граѓаните од бензинските, бидејќи и покрај зголемената потрпошувачка сепак има доволно количини.