Владата за Џамбаски: Сите дејствија кои се спротивни на дијалогот и градењето доверба, се дејствија против добрососедството и пријателството

од Vladimir Zorba

Владите на двете земји со последната посета на премиерот Заев во Софија упатија јасни пораки дека Северна Македонија и Бугарија се посветени да градат позитивни односи и доверба со цел надминување на разликите, велат од владата за „Локално“ по повод изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски во изминативе денови, во кои прво ја нарече Македонија бугарска, а потоа изјави дека од двете страни на Деве Баир живее ист народ.

„Ги охрабруваме сите чинители да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение. Сите дејствија на кој било чинител кои не одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството“, се додава во реакцијата.

В.З.

Слични содржини