Владата за предлогот на Рама: Заеднички почеток на пристапниот процес за С.Македонија и Албанија е единствена опција

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски на прашање на „Локално“ на дешената прес-конференција за повиците на албанскиот премиер, Еди Рама да се разделат Албанија и С.Македонија и да се почнат пристапните преговори за ЕУ со неговата земја, посочи дека ставот на Владата е дека ова е процес „заснован на заслуги“ и дека „двете земји спроведоа сериозни реформи“.

-Затоа почеток на пристапниот процес со С. Македонија и Албанија е најдобрата и единствена опција според нас во интерес на обезбедување на стабилност на целиот регион, изјави тој на прашање на „Локално“.

Додаде дека Северна Македонија ги спровела сите реформи и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство, а одлуката за преговори датира уште од 2020 година.

– Во однос на раздвојувањето на Р. Албанија во овој процес, позицијата на Европска комисија е да бидат усвоени преговарачките рамки и да се одржат меѓувладините конференцииите со двете земји, додава владиниот портпарол.

Рама во неколку наврати во изминатиов период истакна дека Албанија треба да се „одвои од С. Македонија“ доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни.

-Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме“, рече Рама во Берлин на заедничката прес – конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

М.А.

Слични содржини