Владата за проблемите во МНАВ: Постапката за избор на кандидати за обуки на контролори е се уште во тек

од Nikola Popovski
196 прегледи

МНАВ е институција со сопствени тела за менаџирање и своја програма за работа и сопствен буџет. Според информациите на Владата, постапката за избор на кандидати за обуки на контролори е се уште во тек. Согласно меѓународните стандарди, МНАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Еуроконтрол и на меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај, на кој што е членка, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Ова следува по медиумските објави за оставки и оспорувањето на конкурсот во МНАВ за контролори за летање.

Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, објави СДК.

Слични содржини