Владата задолжи на 6-ти февруари да започнат преговорите со стратешкиот партнер за инфраструктурниот Коридор 8

од Nikola Popovski
169 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска ги одржа 124-та и 125-та седница, при што се донесени неколку заклучоци.

На предлог на Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, го задолжи преговачкиот тим за сите детали и услови на Договорот за градење за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и за Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6-ти февруари 2023 година. За исходот од преговорите е заклучено преговачкиот тим да состави Извештај, што ќе го достави на разгледување и одобрување до Комитетот за преговори, во рок од 21 ден од денот на завршување на преговорите.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од поднесување на ВБИФ апликација, за инвестициски грант, за изградбата на Експресен пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал), како дел од Коридор 8. Изградбата на експресниот пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) се имплементра со заем од Светска банка, односно со „Проектот за надградба и развој на патиштата“.

Слични содржини