Владата заседава од 21 часот, нема информации за што е свикана седницата

од Aleksandar Todeski
146 прегледи

Владата вечерва во 21:00 часот ја започна деветтата седница, за која од владиниот прес центар известија два часа пред почетокот.

Засега нема информации за што е свикана седницата и какви одлуки ќе се носат. „Локално“ се обиде да добие повеќе информации од владиниот портпарол, Мухамед Хоџа, но тој не одговори на нашите повици, ниту на нашите пораки.

Владината седница доаѓа на еден ден пред распуштање на Собранието, кое утре, откако ќе бидат изгласани Законот за Јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за одбрана, треба да се распушти поради закажаните избори кои треба да се одржат на 12 април.

Слични содржини