413
Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј за вестите на ТВ 24 вели дека храмовите за верниците секогаш се отворени, но повика да се почитуваат мерките за празникот.
-Црквите никогаш не биле затворени дури и да има ограничување. МПЦ ги замолува своите верници да се придржуваат до препораките да држат дистанца и да се носи маска. Секаде е опасно, но доколку се придржуваме до препораките ќе биде со помал ризик за зараза.
Во однос на причестата со лажичка владиката Тимотеј вели дека тоа е лична одлука на верникот.
-Никогаш не сме ни кажале дека нема да причестуваме со лажичка и дека се сомневаме, оној кој има резерва и се сомнева нека не пристапува. Стотина луѓе кои ја употребиле лажичката досега ќе беа заболени, вели Тимотеј.