Владимир Путин уапсен во Флорида

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Супермаркет од синџирот Publix,  во Флорида. Во таков објект беше уапсен Владимир Путин.

5041455

Полицијата во американскиот град Вест Палм Бич, Флорида, задржала  потемен маж кој се вика Владимир Путин. Ова го потврди за агенција ТАСС заменик-шерифот на Палм Бич Ерик Дејвис. “Тој се вика  токму така. Се случува различни луѓе да имаат истото име “, рече вработениот. Дејвис одговори негативно на прашањето дали името на уапсениот е измислено. Афроамериканец беше уапсен откако “влегол во една од локалните супермаркети и одбил да излезе”. Според податоците на локалните медиуми станува збор за супермаркет од синџирот Publix ( “Пабликс”). Според зборовите на заменик-шерифот уапсениот немал постојана адреса. Дејвис не прецизира дали името на 48-годишниот маж му е дадено од раѓање и дали досега си го има менувано  името.

aemerikanski-putin-2

“Има неколку луѓе кои се викаат  и Џорџ Вашингтон”, истакнал вработениот. Локално потсетува дека Џорџ Вашингтон е првиот претседател на САД (1789-1797). / ТАСС