Владин митинг во Белград, насобраните ги забавува Аца Лукас

од desk2
107 прегледи

Попладнево во Белград се одржува митинг во организација на тамошната власт кој е во рамки на кампањата наречена “Иднината на Србија”. Како што јавуваат српските медиуми колони возила и граѓани се упатени кон Народното собрание каде што ќе се одржи собирот, а од Српската напредна партија очекуваат околу 100.000 луѓе.

Според најавите, пред насобраните ќе се обратат претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, претседателот на претседателството на БиХ Милорад Додик и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Пред почетокот на митингот насобраните ги забавува фолк пејачот Аца Лукас, а српските таблоиди јавуваат дека можни се настапи и на рок групата Рибја Чорба и музичарот Оливер Мандиќ.