Владина делегација го одбележа 8-ми Декември со положување цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Владина делегација составена од Агим Нухиу заменик министер за правда и Филип Николоски заменик министер за финансии, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски”, положи свежо цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име.

Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост.

„Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста“, стои во соопштението на Владата на РСМ.

Слични содржини