512
Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на Ковид-19, потврди Владиката Петар за Сител, кој веќе 20-ти ден бил во болница.
Посочил дека не е на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации.
Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома.
Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.