Поради блискоста меѓу двата народа Бугарија да ги отвори вратите на Европската унија за нас

Република Македонија без предрасуди треба да ја прими подадената рака од Бугарија. Софија треба да биде нашата главна поддршка на нашиот пат кон Европската унија и НАТО, особено откако земјата во следната година стана претседател на Советот на ЕУ. Ова е голема шанса, која Македонија не треба да ја промаши. Договорот меѓу двете земји треба да создаде една поинаква атмосфера, пред се во Македонија.
Треба да не соочи со реалноста дека Бугарија е еден наш голем сојузник, кој во изминатите 26 години од нашата независност не го користевме доволно. Мислам дека е апсолутно природно поради блискоста меѓу двата народа Бугарија да ги отвори вратите на Европската унија за нас.
Во исто време заедно треба да се обидеме да реализираме она што беше поставена за време на средбата за Западен Балкан, што се одржа неодамна во Трст. Станува збор за многу повеќе заеднички инфраструктурни проекти, да создадеме услови луѓето да се предвижват полесно по железничката линија, но и по новите автопат кои се потребни меѓу Скопје и Софија.
Верувам дека доаѓа време кога нашата заедничка историја ќе ја оставиме на историчарите и многу повеќе ќе гледаме во иднината.
Ќе се обидеме заедно да градиме европскота иднина. Меѓу премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов постои доверба, која Борисов ја демонстрира уште во времето кога Заев беше лидер на опозицијата. Првата средба, која се одржа уште во самиот почеток на новата македонска влада, дава надеж дека Борисов и Заев можат да ја преземат одговорноста и да го коригираат сето она што во изминатите 27 години не беше направено од останатите премиери.
Во 1999 година направивме сериозен напредок со потпишувањето на договорот од тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Лично сум направил сериозни обиди како премиер заедно со Сергеј Станишев во 2006 година да го сториме истото, но дојде време во кое Заев и Борисов ќе ги крунисани овие напори. Верувам дека тие можат да го сторат тоа.
———–
Владо Бучковски, премиер на Република Македонија / 2004-2006 година /
Анализата е направена специјално за Агенција БГНЕС.