Владо Јаневски во Охрид

од Vladimir Zorba
225 прегледи

 

АНТИЧКИ ТЕАТАР, 02 АВГУСТ 2018

Големо задоволство ни е да ви објавиме дека легендарниот Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 02-ри август, објавува Авалон .

Вечерта на Илинден со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера.

Влезниците се веќе во продажба онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР   800 ден ТРИБИНИ   / Авалон