30
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ најави дека нема да одговори на повикот за националниот тим за претстојните натпревари на почетокот на септември. Стрелецот преку својот Инстаграм профил објави дека семејните причини не му дозволуваат да игра за својата земја.
„Денеска го информирав штабот на репрезентацијата дека од семејни причини нема да можам да одговорам на повикот за натпреварите од Лигата на нации против Шпанија и Данска“.
Напаѓачот на Јувентус, кој одлично ја започна сезоната со 2 гола во 2 натпревари, нема да им се придружи на своите соиграчи на двата натпревари во Лигата на нации закажани за следната недела, продолжувајќи да тренира во Торино за предизвиците на Јуве во Лигата на шампионите и Серија „А“.