Еден од најпочитуваните гитаристи во светот, нашиот Влатко Стефановски, имаше чест да се сретне со кралот Чарлс III, на кого му го подари својот тековен албум „London Sessions“, издаден од „Croatia Records“.
Ова го направи единствениот музичар од Балканот кој имал лична средба со британскиот монарх.
Албумот „London Sessions“, издаден на ЦД и тројно ЛП издание од „Croatia Records“, беше снимен во легендарното „Abbey Road Studio 3“ во Лондон. На албумот се појавуваат Стефановски, заедно со неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, со помош од Ед Фарел и Лија Морис, додека Шон Меги, добитник на Греми за „Mono Box Set“ на Битлси, го направи завршниот „lacquer cut“.
Музиката на Влатко Стефановски, снимена на легендарната „Abbey Road“, сега ќе одекнува и во кралските одаи. Македонија е горда што нашиот уметник имаше можност да му ја претстави својата работа и музиката на британскиот крал.