Македонски гитарист за прв пат ќе настапи на “Бојчанско културно лето„.
Еден од најценетите југословенски и македонски композитор и гитарист Влатко Стефановски, препознатлив по специфични стил на свирење, во кое ги комбинира македонските традиционални неправилни ритмпови и современиот рок, утре ќе се одржи концерт на „Бојчанското културно лето”. Ова е прв негов настап на оваа манифестација, која постои веќе осум години, а влезот е бесплатен.
До 3 септември, секоја сабота во Бојчанската шумата во Сурчин ќе се организираат концерти и театарски претстави. Следниот викенд Мина Лазаревиќ, Иван Јевтовиќ и Павле Пекиќ ќе настапат со претставата “Сите за вас, љубов моја”, потоа следат концерти на Васил Хаџиманов и неговата тетка Бисера Веленталиќ.
