ВЛЕН: ДУИ бара комисии за да ја сокрие вистината за Кочани, а не за да ја открие

од Nikola Popovski
28 прегледи

Коалицијата ВЛЕН обвинува дека ДУИ по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани. Според владеачката коалицијата, „граѓаните не забораваат кој го создаде овој расипан систем и кој ги штитеше криминалците?“.

-Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии? ВЛЕН нема да дозволи вистината да се манипулира! Бараме анкетна комисија за сите трагедии од изминатите години – од Ласкарци, модуларната болница, Беса Транс, па сè до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават, порачаа од коалицијата составена од четири партии.

ВЛЕН најавува дека ќе продолжи да се бори за вистинска правда, а не, како што велат, за политички фарси на партија што веќе е минато.

ДУИ упати апел до Европската комисија да ги следи случувањата околу истрагата за трагедијата во Кочани. Според партијата, актуелната власт ја префрла вината на сите околу себе, со цел да ги заштити оние кои се одговорни за избегнување на овој инцидент. ДУИ предлага испраќање на правни експерти од Европската комисија за активно учество во следењето на овој случај, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и правичност. Обвинуваат за селективност во истрагата поради обвинението за нивниот член и екс-министер, Крешник Бектеши.

Слични содржини