ВЛЕН: ДУИ отвори врати за „српскиот свет“ и изгласа Закон за амнестија на Мијалков и неговата структура

ВЛЕН ја критикува ДУИ: Османи лично оствари 11 средби со српскиот државен врв, а ниеднаш со Косово

од Nikola Popovski
45 прегледи

ВЛЕН преку сооопштение порача дека ДУИ беше партијата која, како што велат, го држеше екс-премиерот Никола Груевски на власт цели 10 години, обезбедувајќи му кворум и политичка поддршка во најкритичните моменти за неговиот режим. Од владеачката коалиција тврдат дека екс-министерот и актуелен кандидат за градоначалник, Бујар Османи лично оствари 11 средби со српскиот државен врв, а ниеднаш со Косово.

-Ако некој отвори врати за „Српскиот свет”, тоа е ДУИ. ДУИ е партијата која изгласа Закон за амнестија на Сашо Мијалков и неговата структура, спасувајќи ги од правна одговорност. ДУИ и ден денес одржува контакти со Никола Груевски преку нивниот човек Бујар Османи, кој неодамна јавно призна дека се среќавал со бегалецот од правдата.

Министрите на ДУИ дозволија влез на српски МТЕЛ и дадоа лиценци на српски казино компании. ДУИ не само што ја уназади државата и ги запостави Албанците, туку и директно работеше на остварување на целите на оската Груевски–Вучиќ, порачуваат од ВЛЕН.

Затоа, додаваат од коалицијата составена од повеќе партии, сите обиди на ДУИ да ја прикаже ВЛЕН како „проблем за Европа” се ништо повеќе од обид да се скрие сопственото лицемерие и долга историја на шуркање со антиевропски и антиалбански сили.