ВЛЕН: ДУИ се обиде да ја избрише албанската дијаспора, Уставниот суд ја поништи нивната манипулација

од Nikola Popovski
11 прегледи

Одлуката на Уставниот суд го потврдува она што ние во ВЛЕН го кажуваме долго време: последниот попис на населението, предводен од тогашната влада на ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора, велат од ВЛЕН преку соопштение.

Според коалицијата, претходната влада преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создаде категориите “резидентно население“ и “нерезидентно население“, третирајќи ги иселениците како граѓани од втор ред. Според ВЛЕН, ова беше намерен политички чин за минимизирање на вистинската тежина на Албанците во државата.

-Ова беше обид да се поништи придонесот и политичката тежина на албанската дијаспора, за ситни партиски интереси. Во очаен обид да ги измијат рацете од одговорност, ДУИ праќа свој пратеник за да ја брани неправдата што ѝ ја нанесе на албанската дијаспора, со разработени, но празни аргументи.

Ние во ВЛЕН јасно го кажуваме: штетата е направена, но ќе ја исправиме секаде каде што е можно! Одлуката на Уставниот суд е победа за правото, победа за албанската дијаспора и доказ дека државата не може да се однесува арогантно кон своите граѓани.

ВЛЕН е посветена на воспоставување на достоинството на албанската дијаспора, целосно вклучување во политичкиот и институционалниот живот и исправување на секоја неправда наследена од минатите влади, се вели во соопштението на заедничката коалиција.

Слични содржини