ВЛЕН: Груби е лоша копија на Груевски – Албанците не се научени да бегаат

од Nikola Popovski
33 прегледи

Веќе разбиениот европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Сенката на Али Ахмети, Артан Груби –лоша копија на Груевски, кој зборуваше со полна уста за ОНА, на првиот судир со правдата побегна, порачаа од коалицијата ВЛЕН по распишаната меѓународна потерница по поранешниот функционер на ДУИ.

Од владеачката коалиција составена од три партии побараа од екс-вицепремиерот да се врати во земјава и да се соочи со органите на прогонот.

-Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела. Коалицијата ВЛЕН одамна предупредува дека нон грата партијата ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби. ДУИ не може да се повикува на заштита на знамето, јазикот и Албанците – бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесуваш одговорност – да побегнеш, рекоа од ВЛЕН.

Од коалицијата најавуваат дека правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата.

-Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат, стои во партиското соопштение.

Слични содржини