ВЛЕН ја напушти седницата поради Законот за безбедносните сили

од Nikola Popovski
140 прегледи

Пратениците на ВЛЕН ја напуштиле собраниската сала, откако оцениле дека предлог-законот за бранителитте предложен од СДСМ, е тенденциозен.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши даде еден час пауза за време на расправата по предлогот по скратена постапка да се одобри предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Северна Македонија, предложени од пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи побарал да се повлечат измените од дневниот ред. Во име на пратеничката група тој најавил дека нема да гласаат и демонстративно ја напуштиле седницата.

„Сведоци сме на тенденциозен предлог кој предизвикува непосакувана ситуација за нашите граѓани од поранешен министер, кој припаѓа на субјект кој беше на власт осум години и тој закон не е ниту предложен ниту одобрен“, изјавил претходно Азизи, додавајќи дека „предлогот е хипокризија и во позадина има едно сценарио на сценаристите кои што сакаат да има немири и во Балканот“.

Азизи рекол дека ВЛЕН нема да ги поддржи овие измени и дека тие не можат да бидат одобрени доколку не се најде законско решение за поранешните припадници на УЧК.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички гласаа за потребата од донесување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили.

Слични содржини