ВЛЕН ја обвинува ДУИ поради влезот на МТЕЛ во Македонија во 2021

од Nikola Popovski
26 прегледи

Коалицијата ВЛЕН попладнево повторно обвини дека ДУИ е партија „основоположник на српскиот свет“ во Македонија. Оттаму потсетуваат дека влезот на српската компанија МТЕЛ во Македонија е во јули 2021 година кога ДУИ беше на власт.

-Без политичка согласност од Владата во која учествуваше ДУИ и без постапки од министрите на ДУИ, МТЕЛ немаше да добие лиценца и да влезе на пазарот во Македонија. Исто така, Валадата во која учествуваше ДУИ, онаа на Бујар и Артан донесе повеќе одлуки за да дозволи влез на капитал од српското и црногорското подземје во бизнисот со казина. Од три лиценци, две ги добија сомнителни бизнис компании од Србија и Црна Гора. Денес ДУИ и Бујар Османи глумат загрижен за влез на српски капитал, а неговата влада го отвори пазарот и даде зелено светло. Впрочем тоа што ДУИ е партија на црната листа е само последица на многуте информации за влез на сомнителни српски бизниси и капитал во Македонија, во времето на ДУИ, порачуваат од владеачката коалиција.

ВЛЕН бара од ДУИ и Османи јавно да одговорат:

-Дали, според нашите информации, најавениот влез на „Алта банка” е резултат на многуте средби што тој и Али Ахмети ги имаа со претседателот Вучиќ и со други српски функционери? Дали постојат записници, кореспонденција и договори од тие средби – и ако постојат, зошто не се објавени? Дали памтат дека од сите тие средби, официјалните и неофицијалните, има и постојат фотографии?

Јавноста заслужува конзистентна политика и целосна транспарентност, а не дневни пресметки и префрлање вина. Ако ДУИ и Бујар Османи се искрени, нека ги објават сите документи и нека објаснат зошто во 2021 година нивната влада го поддржа влезот на МТЕЛ, прашуваат од ВЛЕН преку партиско соопштение.

Слични содржини