ВЛЕН: Кога рековме дека албанскиот јазик нема да се допре, тоа и се случи

од Nikola Popovski
38 прегледи

Пратеникот Ријан Шаќири од редовите на ВЛЕН истакна дека денеска не се случи ништо за време на седницата на Уставниот суд. Информира дека владината коалиција нема никогаш да дозволи деградација на албанскиот јазик.

-Денеска триумфираше улогата на ВЛЕН како дел од оваа Влада. Кога рековме дека албанскиот јазик нема да се допре, тоа и се случи. Тие што се кријат под шаторите и се штитат од дождот, сенката нема да им помогне за срамот што го направија. Нивната бучава не е за државата, туку за власта. Ние како ВЛЕН нема да дозволиме Албанците да бидам штит за криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ, кажа Шаќири на прес-конфереција.

Според него, албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во Македонија.

Слични содржини