„ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат својот криминал и непотизам! Повиците за „деалбанизација” и „етничко чистење” се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата“, соопштија денеска од ВЛЕН.
„Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалик за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на властта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата!
М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата!
Еве како ДУИ ги „заштитила“ Албанците, сместувајќи ги своите:
· Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководител на Архивот.
· Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководител на набавките.
· Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Халими.
· Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани.
· Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи.
· Арбин Весели – внук на Беким Незири.
· Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили.
· Самир Буши – син на Назиф Буши.
Дали ова е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ? Сигурно одговорот е едно ГОЛЕМО НЕ! Тие создадоа „фамилијарни претпријатија” со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана!
ВЛЕН ќе го демонтира овој трул систем и ќе донесе правда за сите Албанци!“, додаваат оттаму.