ВЛЕН: Македонија се соочи со високи такси од САД како последица на „нечесници“ кои се на црната листа

од Nikola Popovski
21 прегледи

Коалицијата ВЛЕН смета дека главната причина зошто Македонија се соочува со повисоки такси од САД не е поврзана само со економските фактори, туку пред се со расипувањето на имиџот на државата на меѓународната сцена. Ваквото влошување на имиџот, нагласуваат оттаму е директен резултат на недоличното владеење и скандалите на поранешната власт, вклучително и функционери на ДУИ, кои сега се на американската црна листа, кои не се единствените со нив кои се и клеветници од македонскиот табор.

-Овие нечесници кои денес се заедно на американската црна листа ги обедини корупцијата во соработката за уништување на земјата. Америка не ги зголемува такси без причина. Пораката на Вашингтон е јасна: повеќе не можат да се толерираат корупција и злоупотреба на власта. И кои се оние кои најмногу ја нарушија довербата на западните сојузници во оваа земја? Токму оние кои две децении ги злоупотребуваа институциите и денес се кријат зад празната реторика или онаа со бесмислен национализам, сметаат од ВЛЕН.

Наместо да жалат за последиците од своите постапки, додаваат од коалицијата од четири партии дека поранешните функционери на ДУИ и другите треба да им се извинат на граѓаните за големата штета што ја нанеле.

-На Македонија и требаат нови политики, сериозен пристап кон економијата и обнова на односите со меѓународните партнери – а не лицемерие од оние кои ја уништија оваа земја.

ВЛЕН е новата надеж, ВЛЕН е вратената доверба која ја штити аманетот на граѓаните. Со достоинствено, одговорно владеење, без корупција, со целосна транспарентност ќе ги вратиме уништените сојузи со ЕУ и САД. Немаме друга алтернатива, за ова работиме нон-стоп со целосна чест и одговорност, стои во партиското соопштение.

Слични содржини