ВЛЕН: „Мала Речица“ се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен Груби да прозбори

„Дали Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ“, прашуваат од ВЛЕН

од Nikola Popovski
68 прегледи Фото: Фејсбук/ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение даде свој коментар за приведувањето на екс-вицепремиерот Артан Груби. Според коалицијата, како што велат, „црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде“.

Оттаму порачуваат дека „Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ“.

-Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме, порачуваат од ВЛЕН.

Министерството за внатрешни работи потврди дека утринава во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ.