ВЛЕН: Отворен Балкан им носи штета на Албанците

од Nikola Popovski
72 прегледи

Одговарајќи на обвинувањата на ДУИ дека предизборното ветување на ВЛЕН дека Македонија ќе излезе од иницијативата Отворен Балкан е измама, коалицијата нагласи дека проектот „никогаш не бил во интерес на Албанците“.

„Овој проект никогаш не бил во интерес на Албанците, на Македонија или на регионот, туку план подготвен од Али Ахмети и Артан Груби за мрачни цели само ним познати. Коалицијата ВЛЕН е јасна од првиот ден: Отворен Балкан е проект без визија или со визија што им служи на Вучиќ и Вулин и на тесните интереси на ДУИ, на штета на Албанците, особено на Косово“, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Коалицијата составена од три партии нагласува дека со своите „неуморни напори не само што ја ограничиле штетата на овој проект, туку постепено ја отстрануваат државата од овој проект што го донесоа Али Ахмети и Артан Груби“.

„Ја потсетуваме ДУИ дека Бујар Османи и Артан Груби почесто се среќавале со Вучиќ и Дачиќ отколку со Албин Курти. Целото наше внимание како владина коалиција ќе биде насочено кон Берлинскиот процес“, се вели во партиското соопштение.

Слични содржини