ВЛЕН: Посакуваме Трамп да ги задржи САД како лидер и гарант на фундаменталните вредности

од Nikola Popovski
25 прегледи

Честитаме на изборот и посакуваме новиот претседател Доналд Трамп да има успешен претседателски мандат, исполнет со мудри одлуки и силно лидерство, кое ќе го задржи САД како лидер и гарант на фундаменталните вредности на светската демократија, велат од коалицијата ВЛЕН за победата на Доналд Трамп и враќањето на старо-новта функција како претседател на САД. Од коалицијата велат дека се убедени дека САД ќе продолжи да биде симбол на слобода и пример за демократските принципи што инспирираат многу нации ширум светот.

-Изборите се празник на секоја светска демократија. Тоа е момент кога граѓаните ја користат својата демократска привилегија за да го изразат својот глас и да го одредат патот по кој ќе се движи нивната земја. Американците донесоа одлука за тоа кој сакаат да ги води во наредните четири години, стои во соопштението на ВЛЕН.

Од коалицијата велат дека остануваат цврсто на заложбите за постојано продлабочување на стратешкото партнерство со САД, кој го сметаат за нашиот најважен меѓународен сојузник.

-Ова партнерство, кое ги обединува нашите две земји врз основа на заедничките вредности и цели, претставува темел за безбедност, стабилност и напредок, не само во нашиот регион, туку и на глобално ниво, порачаа од ВЛЕН.

Слични содржини