ВЛЕН: СДСМ е грогирана од поразот, ДУИ ги користи за манипулации околу екстрадицијата на Блерим Рамадани

од Илинка Илиоска
78 прегледи

ВЛЕН во соопштение до јавноста ја обвини опозициската СДСМ дека е целосно грогирана од изборниот пораз, поради што, според нив, не е способна за рационално размислување. ВЛЕН тврди дека ДУИ го користи СДСМ како гласноговорник и дека криминализираното раководство на ДУИ се обидува да ги манипулира информациите поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој, според нив, се користи за креирање тензии и обвинување на ВЛЕН за предавство.

„Очајот за медиумско внимание си го прави своето. Тие мислат дека со вакви наводно бомбастични приказни ќе ја покријат внатрешната слабост,“ стои во соопштението од ВЛЕН. Тие ги повикаа СДСМ и ДУИ да се воздржат од неосновани обвинувања и да ја почекаат конечната одлука на судовите за екстрадицијата на Рамадани.

ВЛЕН истакна дека владината коалиција останува стабилна и дека не може да биде раздрмана од „структури заглавени во политичка корупција и во паничен страв од кривична одговорност.“

Слични содржини