„Нема поголемо потценување на мислењето од тоа да се обвинува новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за одлуката на ЕУ да ја подели Албанија. Да ги спроведевме уставните измени на денот кога се конституираше новиот парламентарен состав немаше да бидат завршени до ноември, бидејќи процедурата трае шест месеци“, се вели во реакцијата на коалицијата ВЛЕН.
„Ова значи дека одлуката на ЕУ за одвојување на Албанија и Македонија е детерминирана за време на мандатот на претходната Влада на СДСМ и ДУИ кои не успеаја да го доведат Груевски да обезбеди двотретинско мнозинство за вклучување на Бугарите во Уставот. Би биле многу среќни доколку и за Македонија се примени одлуката на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за отворање на првото поглавје , како и за Албанија“, продолжува во реакцијата на ВЛЕН.
„Нашиот напредок кон полноправно членство во ЕУ повторно забави поради билатералните прашања и масовната корупција на оние кои со години ја користеа европската реторика за секојдневни манипулации. Сепак, очекуваме дека одлуката на ЕУ за Албанија ќе послужи како стимул за да се најде соодветно решение во најкус можен рок, кое ќе ги обезбеди потребните гаранции за усвојување на уставните амандмани. Коалицијата ВЛЕН останува посветена на забрзување на процесот на интеграција и спроведување на неопходните реформи за исполнување на највисоките европски стандарди. Коалицијата ВЛЕН нема да запре додека Македонија не го заземе заслуженото место во Европската Унија. Ќе продолжиме да се бориме за европската иднина на државата, оставајќи ги зад себе манипулациите и корупцијата од минатото. Европа нè чека – и ние сме подготвени да ја реализираме оваа визија!“ се заклучува во реакцијата на ВЛЕН.