Влезот ќе чини 50 денари: Се отвора Дино Парк Скопје

од Берта Китинска

Утре се отвора Дино Парк Скопје, информираат од Зоолошката градина во Скопје.

-Вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители од 09:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари.Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални- се движат и испуштаат звуци.

Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е заеднички на Градот Скопје и Зоолошката градина, веруваме дека ќе придонесеме за туристичката понуда во градот, информираат од ЗОО.

Слични содржини