ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од СДСМ: Сликата на Силјановска со Ковачев е пред пет години

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова се сликала со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за време на Конгресот на ЕПП во Букурешт. Според партијата, СДСМ шират лажни вести.

Од партијата на Христијан Мицкоски порачуваат дека сликата на Силјановска со Ковачев е стара најмалку 5 години и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани.

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се извини за лагите.

-Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДС Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со љубави, велат од „Белата палата“ за старата фотографија.

СДСМ утрово ја обвини Силјановска-Давкова дека „застанала против македонскиот народ, јазик и култура“, откако по социјалните мрежи кружеше објава како се сретнала и фотографирала со Ковачев.

Силјановска Давкова заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија, каде што ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП).

Слични содржини