ВМРО-ДПМНЕ бара негативен ПЦР тест за влез во земјава

од Nikola Popovski
308 прегледи

Во услови, кога сите стравуваат од нови проблеми и распламтување на вирусот, и се преземаат заштитни механизми за влез во одредени држави, во Македонија власта се однесува неодговорно. На сите аеродроми во светот има заштитни механизми, пред се се бараат негативни ПЦР тестови, пред да влезете во државата на слетување. За разлика од секаде во светот владата одлучи во Македонија службите на аеродромите и во државата да не бараат негативен тест при влез во државата, изјави на прес-конференција, Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој прашува зошто и Македонија не воведе мерки за влез и тестови за тестирање на сите кои влегуваат на македонска територија, без разлика дали е тоа по некој од патните коридори или на аеродромите.

-Се што е потребно во ова време е само строга контрола кој влегува и кој излегува, доколку се пропушти овој период, подоцна ќе биде многу потешко, особено ако се дозволи на есен да избие уште еден нов бран кој може да биде со многу потешка клиничка слика, потенцира Зафировски.

Комисијата за заразни болести токму до крајот на неделава ќе ги анализира сите новитети поврзани со Делта-варијантата и ќе одлучи дали ќе препорача на граничните премини да се воведе дополнителна мерка. Тоа би важело и за сите граѓани од земјава коишто отпатувале во странство.

Слични содржини