ВМРО-ДПМНЕ бара нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата, СДСМ смета дека така ќе се амнестираат нивните криминалци

од desk2
105 прегледи

Јавното обвинителство мора да се тргне од прегратките на премиерот Зоран Заев и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот сметаат од опозициската партија.

Од таму обвинија дека за денот на гласањето посочиле на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, кол центри на СДСМ, потоа основано сомнение за полнење на кутии, лажирање на резултати, насилство врз набљудувачи, а од него, од ЈО Јовески – ниту глас!

„Почитувани, сите нерегуларности во врска со референдумот сите индиции за криминални изборни дејства мора да бидат истражени. Но за тоа е потребен избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на Републичкиот Јавен Обвинител“, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов Јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски, смета владејачката партија.

„Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски“, додаваат од таму.

Слични содржини