ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче да си поднесе оставка

од Nikola Popovski
640 прегледи

Смешно е во СДСМ да сметаат дека некој се плаши од Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција по соопштението на најголемата опозициска партија дека се плашат од нивниот лидер.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „Филипче го викаа доктор смрт бидејќи несмасното водење на корона кризата значеше губење на десетици илјади животи, а поради него Македонија имаше најлошо справување со корона вирусот во овој дел на Европа“.

-Додека луѓе умираа неговата хациенда на Водно растеше, а тендерите и договорите во 4 очи со омилената дрогерија Пановски се редеа. Тој е индиго на Зоран Заев неговиот најпослушна марионета инсталирана во врвот на СДСМ, стои меѓу другото во ставот на партијата на власт, барајќи од „Филипче да си даде оставка и да ја ослободи партијата од багажот на Заев“.

Претходно од СДСМ истакнаа дека нивниот главен политички ривал се плаши од Филипче.

-Методите на постојани прес конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето, истакнаа од партијата од „Бихаќка“.

Слични содржини