ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да го поддржи предлог-законот за продолжување на важноста на пасошите

од Nikola Popovski
330 прегледи

Партијата на Христијан Мицкоски бара од СДСМ да го поддржат предлог-законот за продолжување на важноста на пасошите. Според ВМРО-ДПМНЕ, народот не смее да биде заробен со месеци.

Тврдат дека над милион сограѓани немаат пасош и „дека се заробени и им е ограничено движењето поради СДСМ“.

-Заради СДС сега има неколку стотина илјади пасоши помалку издадени од тоа што можело да се издадат, со постоечките капацитети. Дополнително заради нив има и општ застој, затоа што имале доволно време да ги зголемат капацитетите. За народот нема друго решение, освен предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи важноста на пасошите. Народот не смее да остаме заробен без можност слободно да се движи. Народот со право вели дека немаме држава и таа треба да се врати, стои меѓу другото во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера беше соопштено дека стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка, како и во јуни. Ова го изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Договорот од Преспа стапи во сила на 12 февруари во 2019 година, со што важноста на пасошите со старото име истекува пет години подоцна, односно на 12 февруари годинава.

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а уставните измени за промена на името во Северна Македонија во Собранието беа изгласани на 11 јануари 2019 година. По излегувањето на измените во Службен весник во февруари 2019 година почнаа да течат петгодишните рокови, согласно Договорот.

Слични содржини