ВМРО ДПМНЕ бара од ВЛАСТА локални избори или летово или наесен!

од Vladimir Zorba
129 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ  бара сега веќе од владеачкото парламентарно мнозинство  да донесе одлука за оддржување на локални избори. Им се разјасни дека Парламентарни избори  нема да има и дека почна владеењето на парламентарното мнозинство на СДСМ. Аналитичарите велат уште дека  ако избори може да има и во октомври, што автоматски значи дека  тврдењата  на вмровските градоначалници дека  се ќе се блокирало со нив било  само  блеф и  лага.

Нов контекст од ВМРО ДПМНЕ околу тоа кој е власт, кој одлучува, а кој е опозиција и само предлага и бара. Тоа досегашната партијана власт го покажа со вчерачната прес конференција на која во чисто опозицискиот настап излегоа со предлог за локални избори. Тие  бараат тоа да го изгласа новото парламентарно мнозинство во новиот парламент чиј претседател е Талад Џафери. Нелегитимноста за миг стана легитимност а власта за миг опозиција и обратно.

ВМРО-ДПМНЕ вчера објави предлог решение за излез од блокадата на работата на локалната самоуправа по неодржувањето на локалните избори. Пратеничка група на партијата ќе го поддржи секој предлог за кој што ќе се одлучи парламентарното мнозинство, но за граѓаните да не трпат штета,  и како што беше истакнато на прес-конференција, потребни се поскори, брзи и ефикасни локални избори.

– Го повикуваме парламентарното мнозинство веднаш да створи услови за распишување на локалните избори и да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците во овој меѓу период, рече на прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски кој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предлага одржување локални избори на 2 јули, или на 17-ти или 24-ти септември, а третиот датум кој што сметаме дека е  исто соодветен е локални избори на 15-ти октомври, рече Милошоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека секој подалечен рок за одржување на локалните избори би создал поголеми негативни последици за општините и би нанесол поголема штета на интересите на граѓаните по однос на локалната самоуправа, рекоа на прес конференцијата.

Од СДСМ се многу прецизни, тие бараат првин доделување на мандатот за Влада од Иванов и тоа веднаш или до крајот на рокот во наредниве денови, формирање на истата, па  потоа дефинирање на датумот за локалните избори и усогласување на законската регулатива на парламентот.

Застојот и  оваа новонастаната ситуација локална власт без власт и ингеренции е поради блокадата на ВМРО ДПНМЕ на кои не им беше гајле за граќаните кога ја блокираа конститутивната седница на парламентот и кога насила влегоа во парламентот за да убиваат порачаа од СДСМ

Дека ВМРО ДПМНЕ призна апораз и дека заминуваат во опозиција, и тоа така го прочитаа реагираат и партиското членство и нивните истурени мегафони  по медиумие.На оваа признание на немоќта и конечниот пораз  прв реагираше  нивниот првенец и протажер во медиумите Миленко Неделковски, кого исто така го збуни барањето за локални а не за предвремени избори каква што бече првичната стратегија на Никола Груевски .

Тој преку социјалните мрежи каде има голем број фанови и вмровски следбеници му пиша на  Милошоски: Луѓето надвор бараат парламентарни избори, а не локални. Што се промени и кога?!

И аналитичарите со ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ, предлог на  три термини за локалните избори, се покажува дека партијата конечно  прифатила  дека се во опозиција и  ништо не зависи од нив. Им се разјасни дека Парламентарни  избори нема да има и дека почна владеењето на парламентарното мнозинство на СДСМ. Велат уште дека ако  избори може да има и во октомври, тоа  автоматски значи дека  тврдењата  на вмровските градоначалници дека  се ќе се блокирало со нив било  само блеф и  лага.

Можно е сега да оди и побезболно и побрз  трансфер на власта, иако никогаш ништо не е исклучено и  од непромислени потези на поединци кои се загрозени од обвиненија од СЈО и  тие кои не можат да се помират дека паѓаат од власт, велат аналитичарите.

Претседателот на парламентот Талад Џафери за понеделник најавува координација со парламентарните партии околу барање излезно решение за локалните избори и за формирање нова Влада дали преку доделен мандат од Иванов или со гласање од страна на парламентарното мнозинство.

Викендов се дознава уште  дека речиси во сите општини на власта на заминување  интензивно работат  финасиските одделенија,  за да успеат, пред завршувањето на мандатите на 15  мај, да ја средат финасиската докумнетација за побарувања, кои ќе ги користат во наредниот период.