ВМРО-ДПМНЕ на тој начин тие покажуваат дека прифатиле дека се во опозиција и ништо не зависи од нив. Аналитичарите велат уште дека ако избори може да има и во октомври, што автоматски значи дека тврдењата на вмровските градоначалници дека се ќе се блокирало со нив било блеф и лага.
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави предлог решение за излез блокадата на работата на локалната самоуправа по неодржувањето на локалните избори. Пратеничка група на партијата ќе го поддржи секој предлог за кој што ќе се одлучи парламентарното мнозинство, но за граѓаните да не трпат штета, како што беше истакнато на денешната прес-конференција, потребни се поскори, брзи и ефикасни локални избори.
– Го повикуваме парламентарното мнозинство веднаш да створи услови за распишување на локалните избори и да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците во овој меѓу период, рече на прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски кој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предлага одржување локални избори на 2 јули.
-Според нас овој датум е најдобар за граѓаните и со одржување на брзи локални избори сите ќе може сериозно да се фатат за работа и да почнат да испорачуваат резултати на локално ниво, рече Милошоски.
Доколку парламентарното мнозинство не е спремно за брзи локални избори во јули, вториот термин, што го посочи Милошоски и кој што е прифатлив е средината на септември, односно одржување на локални избори на 17-ти или 24-ти септември, а третиот датум кој што сметаме дека е исто соодветен е локални избори на 15-ти октомври, рече Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека секој подалечен рок за одржување на локалните избори би создал поголеми негативни последици за општините и би нанесол поголема штета на интересите на граѓаните по однос на локалната самоуправа, рекоа на прес конференцијата.
Аналитичарите со ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ, предлог на три термини за локалните избори, се покажува дека партијата конечно прифатила дека се во опозиција и ништо не зависи од нив. Велат уште дека ако избори може да има и во октомври, тоа автоматски значи дека тврдењата на вмровските градоначалници дека се ќе се блокирало со нив било блеф и лага.