ВМРО-ДПМНЕ: Браќата на Филипче и Заев по брза постапка направиле соларна централа во време на СДСМ

од Vladimir Zorba
14 прегледи

„Браќата на Филипче и Заев се партнери во бизнис, по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС. 1.5 мегавати е соларната централа која Никола Филипче, брат на Венко и Вице Заев, брат на Зоран ја направиле во Дојран“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да ја направат соларната централа браќата на Филипче и Заев требале да го пренаменат и земјиштето, како и да добијат одобрение за градба потоа, сетоа тоа го завршиле во законски минимални рокови.

Кога се работело за Филипче и Заев институциите водени од нив трчале низ процедурите.

Овој бизнис на браќата на Филипче и Заев е тежок четврт милион евра годишно. За да го остварат овој бизнис тие неколку пати требало да добијат позитивни мислења од државните органи со кои управувале нивните браќа.

И Филипче и Заев и нивните семејства се богателе додека биле на власт, затоа велиме дека оставиле ограбена држава“, додаваат од партијата на власт.

Слични содржини